Растот на вредноста од 59 проценти на годишно ниво, на 141 милијарди долари, му помогна на гигантот во електронска трговија Alibaba да го заземе првото место на листата “BrandZ Top 100 највредни кинески брендови”.

Ова е прв пат оваа компанијата да биде прогласена за највреден национален бренд на годишната ранг листа на “BrandZ”, најголема и највлијателна платформа за оценување на брендови во светот, која е креирана од британските мултинационални компании за маркетинг, односи со јавноста и консалтинг, VPP групација и Kantar.

Според денешната објавена ранг листа, вредноста на брендот Alibaba е зголемена за 136 проценти во последните пет години на скалата на “BrandZ Top 100”, “надминувајќи го вкупниот раст на Top 100 кој за истиот период изнесувал 92 проценти.”

Зад Alibaba, на позицијата број два се наоѓа инвестицискиот конгломерат Tencent, чиј бренд ја зголемил вредноста на 138 милијарди долари.

Компаниите Huawei, Baidu и JD исто така се наоѓаат меѓу десетте највредни кинески брендови на ранг листата.

Извор: Aljazeera