Microsoft тивко го освежи својот основен Surface Book 2 модел. Софтверскиот гигант во 13,5-инчниот Surface Book 2 го имплементира најновиот четиријадрен i5 процесор на Intel од осмата генерација, додека актуелниот двојадрен модел од седмата генерација е задржан во намалена цена од 1299 долари.
Освежениот четиријадрен модел ќе чини 1499 долари и вклучува i5-8350U процесор, со зголемен работен такт на 3,6 Ghz. Новиот Surface Book 2 од средниот сегмент има и 8GB RAM и 256GB простор за складирање.
Microsoft исто така планира на 17. април да одржи Surface настан, во текот на кој се очекуваат информации за цената и достапноста на Surface Hub 2 хардверот, како и додатоците од Steelcase линијата.