Најновиот уред на Huawei, кој е сертифициран од кинеската агенција TENAA, наводно е Huawei P Smart 2020. Уредот со ознака AQM-AL00 би можел да биде P Smart и треба да добие надградби во најголем дел од хардверот.

P Smart 2019 има 6.21-инчен екран, две 13MP камери, 3 GB RAM меморија, чипсет Кирин 710 и батерија 3400mAh. Huawei P Smart 2020 треба да има 6,3-инчен OLED екран со Full HD+ резолуција и однос на страници 20:8.

Се споменува е и сензор за отпечатоци во екранот, како и батерија со капацитет 3900mAh. Телефонот е со димензии 157,4 х 73,2 х 7,75 мм и е малку подолг од неговиот претходник, со слична тежина од околу 163 грама.

Сертификатот открива 2,2 GHz осмојадрен процесор процесор, заедно со 4 GB RAM меморија. Главната камера има сензор од 48 MP и е дел од системот со три камери. Другите два сензора се 8MP и 2MP. Предната камера има 16 MP.

Телефонот ќе пристигне во најмалку две бои – црна и зелена. Просторот за складирање и меморијата можат да се конфигурираат во 4 GB, 6GB и 8 GB RAM меморија, односно 64 GB и 128 GB меморија.

Повеќе информации за следниот Huawei P Smart модел се очекуваат во следните недели. P Smart 2019 беше објавен во декември минатата година, па сличен период се очекува и за неговиот наследник.