Американската вселенска агенција планира да испрати ровер за екстремни терени за да ги истражува таинствените пештери кои се наоѓаат под површината на Месечината.

Примарната цел на мисијата на НАСА е истражување на минатото на Месечината.

Пештерите би можеле да послужат како готови живеалишта за идните мисии со човечки екипаж, како засолништа на астронаутите и заштита од екстремните температури, зрачењето и астероидите кои влијаат на површината на Месечината.
Токму затоа е создаден роверот Moon Diver, тој ќе собира информации за пештерите и ќе ја анализира нивната внатрешност. Помал ровер наречен Axel ќе има мисија да се приближи до поголемите кратери на Месечината.
Извор: Klix.ba