Денеска секој има пристап до интернет, а ретко кој не е корисник на некоја од социјалните мрежи. Некои нив ги користат како место каде што можат да се дружат, да запознаваат нови луѓе, да најдат нешто ново, а некои истите ги користат за забава и мајтап.

Од неодамна на социјалната мрежа Facebook се појавија два необични настана, кои имаат единствена цел – мајтап.

Еден од настаните е групен шопинг во Шутка, каде луѓето пишуваат и си прават шеги на сметка на тамошниот пазар и продавачите.

Другиот настан е поврзан со пензионерите, и е наречен масовно јадење лук и ждригање на пензионерите во фаца.

Како и да е, овие настани не се сфатени сериозно, но сепак кога ќе ги забележите ќе бидете изненадени.

Извор: Skopjeinfo.mk