Black Shark, подбрендот на компанијата Xiaomi фокусиран на гејминг, претходно овој месец го објави својот најнов паметен телeфон. Black Shark 2 сега е достапен за купување во Европа, преку официјалниот сајт на Black Shark.
Цената на телефонот изнесува 549 евра за верзијата со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање, додека 12GB RAM/256GB варијантата ќе чини 649 евра.
Black Shark 2 има 6.39-инчен (2340 x 1080p) HDR AMOLED дисплеј осетлив на притисок, со ниска латенција и типично осветлување од 430 нита. Присутни се два предни звучника, систем на антени во облик на буквата X за непрекинат сигнал, сензор за отисоци од прсти интегриран во екранот, а уредот го напојува 4000mAh батерија со 27W брзо полнење.
Телефонот го покренува Snapdragon 855 чипсет, а му асистира разладен систем во вид на комора за пареа, кој ветува намалување на температурата за 14 степени Целзиусови. Системот на камери на задната страна се состои од 48 MP главен систем и 12 MP 2x телефото зум сензор, додека од предната страна е сместена 20MP селфи камера.