Apple неодамна тивко ја освежи својата понуда на десктоп компјутери од iMac линијата. Првите бенчмарк тестови покажаа дека перформансите на новиот iMac 5K модел се подобри и до 75 пеоценти во однос на неговиот претходник од 2017. година.

Да потсетиме, iMac 5K од 2017. година на Geekbench постигнува 5684 бодови во Single-Core и 19.372 бода во Multi-Core тестовите. Се работи за iMac, кој меѓу останатото, се темели и на Core i7-7700K процесор. Годинашниот модел, Apple го опреми со моментно најновиот и најмоќен процесор на Intel – Core i9-9900K.

Core i9-9900K има осум јадра и 16 thread-ови и основна брзина од 3,6 GHz. Максималната брзина на овој процесор е 5.0 GHz. Благодарение на тоа, но и на остатокот од хардверот, iMac 5K (2019) постигна позначаен напредок кога се во прашање перформансите. Geekbench на новиот iMac 5K му додели 6.314 бодови во Single-Core и 33.713 бодови во Multi-Core тестовите. Во споредба со моделот од 2017. година, годинашниот iMac 5K освои 630 бодови повеќе во Single Core тестовите и 14.341 бод повеќе во Multi-Core тестовите.

Geekbench го тестираше iMac19,1, кој покрај на наведениот процесор се темелеше и на 16 GB DDR4 RAM со брзина 2.667 MHz и macOS оперативниот систем во верзија 10.14.4 (Build 18E2034), а беше опремен со Core i9 процесор, за кој на најскапиот модел (2.299 долари) треба да се доплатат 400 долари и Vega 48 графичка картичка, за која исто така треба да се доплати 450 долари.