Samsung Galaxy Fold на пазарот во Јужна Кореја и САД ќе се појави на 26. април. Истиот ден ќе почне претпродажбата на уредот во Европа, специфично за пазарите во Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија и другите држави, каде ќе биде достапен за продажба од 3. мај.
Смартфонот ќе чини 2000 евра, колку ќе мораат да издвојат оние кои сакаат да го поседуваат првиот флексибилен теледон на некои од големите брендови. Со телефонот се добиваат бесплатни Galaxy Buds безжични слушалки, заштитна Kevlar футрола и Samsung Care+ поддршка.
Смартфонот ќе биде понуден во Martian Green, Astro Blue, Space Silver и Cosmos Black варијанти, а оние кои ќе го преднарачаат од сајтот на Samsung ќе можат да изберат боја на рамката по своја желба.