Компанијата Xiaomi го претстави својот нов гејминг смартфон наречен Black Shark 2, а уредот донесува значајни подобрувања за екранот и перформансите.
Super AMOLED екранот има големина од 6,39-инчи и креиран е од Samsung. Благодарение на оптимизациите, инпутот на латенции е намалена на 43,5 ms. Исто така, дисплејот е осетлив на притисок, а Magic Press овозможува мапирање на копчињата од левата и десната страна на екранот, кои потоа можат да се покренатѕ со посилен притисок на екранот. Јачинот на притисокот може да се оптимизира.
Споменатиот екран е 1080p+ со HDR поддршка и DCI-P3 распон на бои. За да се обезбеди боите да бидат прецизни, тука се четирите сензори на амбиентално осветлување, кои му помагаат на процесорот да го набљудува опкружувањето и го подесува екранот според нив.
Black Shark 2 има два предни стерео звучници, а сензорот на отпечаток од прст во екранот е секогаш пристапен. Телефонот е опремен со голема батерија од 4000mAh, со поддршка за 27W брзо полнење.
Без изненадувања, телефонот го покренува Snapdragon 855 чипсетот. Присутен е Liquid Cool 3.0 систем на ладење, кој ветува за 14°C пониска температура на чипсетот. Тука е и Cooling Case додатокот со вентилатор кој помага за уште подобро одведување на топлината, намалувајќи ја температурата за уште пет степени.
На задната страна се наоѓа системот со две камери, каде што главниот 48MP Quad Bayer сензор 0.8µm пиксели и f/1.75 отвор на блендата. Секундарната камера има 2x телефото објектив и 12MP сензор. Селфи камерата е со резолуција од 20MP (f/2.0, 0.9µm).