Уделот на смартфоните со екрани кои го покриваат речиси целиот преден дел на телефонот, или таканаречените телефони „без рамки“ ќе достигне 45 проценти оваа година. Овие предвидувања се презентирани во студија на саемот MWC 2018, одржан неодамна во Барселона.

Според аналитичарите ова конкретно решение за изгледот на смартфоните е еден од главните трендови во индустријата за паметни телефони за наредните години.

Ако минатата година моделите со тенка рамка заземаа едвај 8,7% од пазарот, во текот на оваа година, уделот ќе достигне 45%, во 2019 година – 71,6%, во 2020 – 87,7%, а во крајот на 2021 и до 92,1%, односно, скоро сите паметни телефони ќе бидат без рамка.