Корисниците на Viber од денеска имаат опција да го инсталираат dark mode (темниот режим) на популарната апликација за разменување пораки.
На некои корисници денеска им пристигна порака дали сакаат да го активираат dark mode. Тоа можете да го направите, така што во подесувањата ќе ја изберете опцијата изглед, а потоа темен режим.
Оваа опција се уште не им е достапна на сите корисници на апликацијата. Dark Mode овозможува полесно читање на пораките ноќно време.
Другата новина исто така се чека одамна – тоа е можноста за пребарување во чатовите. Тоа ќе ја зголеми значително удобноста при работа, бидејќи досега немаше брз и лесен начин за наоѓање на саканата информација во подолги групни или самостојни чатови.
Новите функции сега се достапни во верзија 10.2.0.3, која моментално е достапна за Android. Не е исклучено овие промени веќе да се вклучени во iOS верзијата.