Се тестира нова функција која на креаторите ќе им овозможи да објавуваат подолги видеа.

Една од сегашните опции е дека секоја приказна (story) може да биде со максимална должина до 15 секунди.

Сега се појавија детали кои укажуваат на тоа дека Instagram тестира опција за продолжување на должината на траење на видеата на 60 секунди.

Instagram моментално ја нуди опцијата видео содржините со долг формат да се објавуваат преку IGTV, а најчесто објавуваат и линк во Stories за полесно да се најде тоа видео.

Сепак, новата опција би овозможила пофлуидно искуство на преглед на содржините, а корисниците нема да мораат толку често да се префрлаат помеѓу секциите со видео клипови за погледнат некоја подолга содржина.

Функцијата е моментно во фаза на тестирање и не им е достапна на сите креатори и корисници на Instagram.

Извор: B92.net