Мексиканските археолози од Националниот институт за антропологија и историја објавиле денес дека пронашле пештера во светилиштето на Маите, Чичен Ици, во која откриле околу 200 керамички садови во речиси недопрена состојба.

Како што навеле, садовите датираат од периодот околу 1.000-тите години и содржат делови од коски и запалени материјали, кои се дадени на анализа, пренесува “AP”.

Археологот Гиљермо де Анда рекол дека истражувањето на пештерата почнало минатата година, откако локалните жители му кажале за неа, а се воспоставило дека тие за неа знаеле веќе 50 години, но молчеле, најверојатно за да ја заштитат.

Околу 155 керамички садови и печки имале слика од богот на дождот Тлалок, кој бил почитуван во централно Мексико.

Се наведува дека Маите го имале својот бог на дождот Чака, како и дека веројатно го прифатиле богот Тлалок пред хиспанските народи. Де Анда истакнал дека древните Маи морале да ползат низ пештерата, за да положат приноси во повисоките одаи на пештерата, како и дека тие садови веројатно биле носени таму за да предизвикаат дожд.

За да влезат во пештерата истражувачите морале да ползат бидејќи влезот бил висок само 40 центиметри.

Пештерата, наречена Баламка се наоѓа на околу 2,75 километри источно од главната пирамида Кукулкан, позната и како Ел Кастиљо. Според зборовите на Де Анда, тој и неговиот тим го истражуваат Чичен Ицу за да ја утврдат рутата и местата на подземниот систем за вода, бидејќи се смета дека под храмовите и пирамидите има бројни неоткриени езерца.

Извор: B92.net