Апликацијата за видео чет на Google, Duo по долго време ја одби и својата веб верзија на која корисниците можат да се најават преку своите Google профили.
Апликацијата за видео чет, Google Duo е претставена речиси пред три години, а досега егзистираше во облик прилагоден исклучиво на мобилните уреди.
Сега пристигнува и можноста за стартување на апликацијата во веб опкружување. За почетокот на користење на веб верзијата на апликацијата не се потребни QR кодови и автентикација преку телефонски броеви, туку услугата се активира преку најава од сопствениот Google профил. Веб верзијата ги вклучува сите Duo контакти на корисниците и доволно е да се избере еден за да може да почне разговорот.
При видео четот можно е да се избере помеѓу приказ на соговорникот преку целиот екран или намален приказ (прилагоден на мобилните уреди). Имплементацијата на оваа опција на корисниците би требало да им стане достапна за кратко време.