Се очекува Samsung наскоро да ги претстави моделите Galaxy A6 и A6+. Oва стана јасно по серијата информации кои се појавија на интернет, а сега дојавувач на Twitter објави дополнителни детали за претстојните два модели.

Galaxy A6 би требало да има 5.6-инчен Infinity Display со резолуција од 2220 x 1080 пиксели, 3GB RAM, 32GB простор за складирање податоци и процесор Exynos 7870 Octa.

Galaxy A6+ ќе ја задржи истата резолуција која ја има и помалиот модел, но на екран од 6 инчи. Тука е и 4GB RAM и истиот простор за складирање податоци од 32GB. Моделот Galaxy A6+ ќе го користи чипсетот Qualcomm Snapdragon 625.

Споменатите информации би требало да се земат со доза на резерва, се додека јужнокорејската компанија официјално не ги објави телефоните Galaxy A6 и A6+.