Најголемата социјална мрежа, Фејсбук подготвува систем за прикажување на огласи кои ќе се засноваат на продавниците кои што сме ги посетиле во живо, доколку дозволите следење.

Фејсбук уште сега има опција со која што може да го следи вашето движење, а наскоро тоа ќе биде користено и за прикажување на реклами, кои ќе бидат персонализирани во зависност од тоа каде се движите и што посетувате.

Новата опција ќе овозможи на огласувачите попрецизно да ги насочат рекламите доколку сте посетиле некој од нивните физички продавници.