Доколку некогаш сте го виделе совршеното парче облека и сте се прашувале каде да го пронајдете и купите, сега тоа можете да го направите многу лесно со апликација која функционира како Shazam за облека.

Amazon сега разви нова апликација со вештачка интелигенција наречена Style Snap, која им помага на своите клиенти да ја најдат посакуваната облеката.

Style Snap во основа е Shazam за облека, вградена во мобилната апликација на Amazon. Со помош на новата алатка, корисниците можат да направат слика или да закачат снимка, а Style Snap тоа ќе ги пронајде истите или слични елементи, присутни на Amazon.

Директорот на Amazon, Џеф Вилк, ја претстави новата алатка на конференцијата Re: MARS во Лас Вегас, додавајќи дека зад сложената технологија стои едноставноста на корисничкото искуство.

Сепак, Amazon не е единствената компанија што ги нуди овие услуги. Многу компании нудат слични услуги, вклучувајќи го и онлајн модниот гигант Asos.

Досега, Amazon не се покажа како успешен гуру. Во 2017 година, тој ја претстави камерата Echo Look, која на корисниците им дава модни совети, но тие не беа премногу среќни со со овој софтвер. Сепак, со воведувањето на апликацијата Style Snap, американските технолошки компании покажуваат дека нема лесн да се откажат од модниот бизнис.