Microsoft започна со тестирање на апдејтите за Windows 10, чие објавување е планирано за 2020 година. Раното тестирање е невообичаено за компанијата, која обично најавува две апдејта годишно.
Инаку, тестирањето на првиот апдејтите за оваа година, кое го носи името 19H2, се уште не е започнато.
Претставникот на Microsoft, Дона Сaркар, рекла дека дека апдејтите на Windows за 2020 година бараат детално тестирање, нешто што и досега беше случај. “За некои работи едноставно ни е потребно повеќе време“, рече таа.
Microfost не ги објави новитетите кои ќе ги донесе апдејтот 20H1, но неговата најрана бета верзија веќе е испратена до бета тестерите, пишува The Verge.
Microsoft во моментот работи на конечната верзија на следниот главен апдејт 19H1, кој треба да биде објавен во април. Неговата финална верзија наскоро ќе биде доставена до бета тестерите на финална проверка.