Volkswagen сака да се осигура дека секогаш ќе имате доволно батерија да се вратите со електричната кола од некој голем натпревар или концерт. Компанијата делумно претстави мобилна станица со капацитет од 360kWh и 100kW DC брзо полнење кое може да наполни дури 15 електрични возила за просечно време од 17 минути. Наместо да барате специјално наменета станица после секој настан, вие можете да го наполните вашето возило на паркингот, тоа е нешто слично како power bank за вашата кола.

Тоа исто така може да послужи и како нормална станица за полнење. Во тие случаи може да се полни преку соларна енергија или пак со помош на ветер. Исто така ќе биде од помош бидејќи нема да биде приклучена во системот за електрична енергија во најризичните моменти.