Корисниците на чет апликацијата на Facebook, Messenger, наскоро ќе можат да слушаат музика заедно додека си пишуваат. Компанијата го интегрирала каталогот на Spotify кон виртуелниот асистент M, кој е дел од Messenger – пишуваат медиумите.

Виртуелниот асистент може да го следи разговорот меѓу корисниците и да нуди различни одговори, функции и друо и тоа според контекстот на разговорот.

Кога разговорот ќе помине на тема музика, M ќе го разбира ова и ќе нуди на корисникот да си најде музика преку логото на Spotify, што ќе се појавува на екранот.

Притискање на логото ќе отвора листа со последни слушани песни, поле за пребарување на уште нова музика или можност за креирање и споделување на цели листи. Одбраната песна или листи ќе може да се сподели со другиот учесник во разговорот. Тој, пак, ќе може да слуша дел од музиката директно од Messenger дури и да не е корисник на Spofity. За целосни песни, ќе треба да има профил во стриминг услугата и нејзината апликација.

Ако корисникот не му се допаѓа идејата вештачкиот интелект на Facebook да ги следи неговите разговори, тој ќе може да го исклучи. Ова се случува од поставките на профилот директно во апликацијата.