Долгиот 18:9 однос на страници стана вообичаен откако индистријата на телефони се префрли на стилот со засеци (notch) во екраните. Некои компании имплементираа и уште подолги 18.5:9 и 19:9 варијанти, а Sony сега подготвува 21:9 формат на екранот за претстојниот смартфон Xperia XA3.
Одредени рендери на претстојниот телефон на Sony покажуваат значително подолг дисплеј, без засек и со 21:9 одност на страници. Јапонската компанија не одлучи во екранот да уфрли notch или punch hole отвор за камерата, а наместо тоа, тука е стариот дизајн со камера во горната рамка.
Спецификациите на дисплејот се засега непознати, но извештаите сугерираат дека XA3 би можел да има 5,9-инчен екран со 2560 x 1080p резолуција. Исто така, се очекува систем од две камери на задната страна (23MP + 8MP) со дуал LED блиц. Во долниот дел на телефонот се наоѓа USB-C порт, додека сензорот за отпечатоци од прст е сместен од бочната страна на уредот.
Телефонот би можел да го покренува Snapdragonm 660 чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 64GB простор за складирање, а би требало да го напојува батерија од 3500mAh. Sony Xperia XA3 се очекува да биде претставен во текот на MWC 2019 во Барселона.