Имајки предвид дека во последните неколку години на пазарот излегуваат многу нови компании со уште поголем број модели на паметни телефони, вреди да се направи споредба помеѓу новодојдените модели со веќе постоечките.

Паметните телефони се составен дел од нашиот секојдневен живот. Тоа е факт. Но информацијата, кои модели нудат најдобри перформанси за пристојна цена, често не ја земаме во предвид. Паметните телефони на Apple се помеѓу најпопуларните и најдобрите на пазарот. Но, во последните неколку години на пазарот пристигнаа неколку модели со Android оперативен систем, а што директно им конкурираат на Apple телефоните туку и во некои категории истите ги надминаат.

Еден таков модел е новиот паметен телефон на Xiaomi Mi Mix 2 кој е најновиот модел и предводник на компанијатa Xiaomi.

За да добиете подобра идеја за тоа како новиот Mi Mix 2 на Xiaomi се справува со Apple iPhone 8 направивме компарација на двата уреда.

Главни спецификации 

Со еден поглед кон спецификациите веднаш станува јасно дека Mi Mix 2 располага со исклучително моќен чип сет. 128 GB интерна меморија и неверојатни 8 GB RAM што е за четири пати повеќе од iPhone 8 и му овозможува на Mi Mix 2 да ги извршува сите задачи без никакви проблеми. Точно, iPhone е популарен и е навистина врвен телефон изработен од квалитетни материјали но, Mi Mix 2 не е далеку во квалитетот на користените материјали и неговата изработка. Алуминиумот, керамиката и стаклото оддаваат впечаток на квалитетно изработен телефон.

Дополнително од главните карактеристики на двата телефонски уреди не смееме да заборавиме дека iPhone 8 чини скоро двојно повеќе од Xiaomi Mi Mix 2.

Доколку сте во процес на избор  на нов паметен телефон, перформансите и дизајнот ви се од особено значење, а притоа сакате да заштедите, тогаш сериозно треба да го погледнете Mi Mix 2. На македонскиот пазар Mi Mix 2  можете да го набавите за приближно 35 илјади денари  во споредба со iPhone 8 за кој ќе треба да издвоите дури 53 илјади денари.