Xiaomi најави дека планира да влезе на пазарот на Франција и Италија кон крајот на мај, со што нивниот приход пораснаа на 10 милијарди долари.

Освен Франција и Италија, Xiaomi планира уште некои поголеми чекори во Европа. Минатата недела објавија соработка со британскиот оператор CK Hutchison кој ќе ги продава нивните производи ширум Британија.

Xiaomi се прослави затоа што е еден од ретките Android производители кои се многу способни, а достапни, а прв пат се појавија во Европа, поточно во Шпанија минатата година, а сега планираат поагресивен поход на Европа.

Компанијата со претставништво во Хонг Конг е стара само седум години, а голем успех досега постигна во Индија, каде е меѓу најпродаваните, но нивните приходи најмногу зависат од продажбата во Кина.

Иако почнаа да се шират низ целиот свет, една земја и натаму им е недостижна. Погодувате? САД.