Медиумите во Јужна Кореја откриваат интересни детали околу плановите на Samsung за пуштањето во продажба на смартфонот со дисплеј на преклопување, кој што првпат беше прикажан минатата недела.

Уредот ќе се појави во продажба во март заедно со верзијата на Galaxy S10 со 5G можности. Се тврди дека промоцијата на S10 ќе биде во февруари, а Galaxy F и верзијата на Galaxy S10 со 5G можности, најверојатно ќе бидат претставени во март.

Galaxy F најверојатно ќе биде прикажан на Конгресот за мобилни телефони во февруари, пред официјалната премиера следниот месец. Се очекува уредот да има висока цена – стручните лица предвидуваат дека ќе чини околу два милиона вони (1.560 евра), што може значително да ја ограничи продажбата.

Неодамна, шефот на бизнисот со мобилни телефони на компанијата, Ди Џеј‑Кох изјави дека уредот ќе биде на пазарот во првата половина на следната 2019 година и се планираат барем еден милион парчиња.

Ова ќе биде само првата серија, а количината ќе се зголеми ако уредот биде добро прифатен на пазарот.