Дојавувачот Ice Universe ги откри точните големини за сите претстојни премиум модели на Samsung.
Во текот на претходните години, стратегијата на Samsung ни донесуваше три премиум телефони годишно – два Galaxy S модела и еден Galaxy Note. Според најновите информации, овој број ќе се зголеми на пет во текот на 2019. година. А сега, благодарение на дојавувачот Ice Universe, познати се точните големини за секој претстоен модел.
Најголемиот модел на смартфон за нааредната година ќе биде Galaxy Note 10, кој наводно ќе има 6,75-инчен екран. Тоа значи дека ќе биде поголем од Note 9 моделот и многу поголем од Galaxy S9+.
Извештајот сугерира дека и претстојниот 5G Galaxy S10 ќе има голем 6,66-инчен екран. Моделот Galaxy S10 (кој би можел да го носи името Galaxy S10 Edge) ќе има екран со големина од 6,11 инчи, додека Galaxy S10+ ќе поседува екран од 6,44 инчи. Galaxy S10 серијата ќе ја комплетира S10 Lite, кој би требало да има 5,75-инчен дисплеј.
Според последните достапни информации, Galaxy S10 серијата би требало да биде претставена на 20. февруари, додека за Galaxy Note 10 нема информации кога би можел да биде објавен.