Се појавија наводни фотографии од Meizu 16s и 16s Plus телефоните. CEO на компанијата неодамна сугерираше дека смартфоните немаат да имаат засеци или било какви отвори во екранот, кој тој го нарекува “quad bezel-less display”.

Meizu 16s ќе има екран со големина од 6.2 инчи, додека Plus моделот ќе имплементита 6.76-инчен дисплеј. Во двата случаја ќе користи 1080p+ AMOLED панели, со Gorilla Glass 6 заштита. Долната рамка на Meizu 16s моделот е за 1,5 mm потенка од онаа кај Meizu 16, судејќи според официјалните тизери.

Линијата Meizu 16s ќе користи Snapdragon 855 чипсет, а на задната страна ќе има 48MP Sony IMX586 камера со оптичка стабилизација на сликата. Батеријата ќе биде со капацитет 3600mAh. Телефоните нема да имаат опција за безжично полнење, за која компанијата не смета дека е од витално значење.

Meizu 16s и 16s Plus телефоните би можеле да бидат претставени во април или мај, со цена над 430 евра.