Кинеската агенција за сертификација TENAA ја објави целосната листа на спецификации за новиот паметен телефон, за кој се претпоставува дека е во прашање Xiaomi Redmi 7 или Redmi 7 Pro.
Објавената листа на спецификации укажува на уредот со ознака M1901F9T, кој го покренува осмојадрен процесор со работен такт од 2.3 GHz.
Телефонот ќе има неколку конфигурација на меморија: 3/4/6GB RAM и 32/64/128 GB интерен простор за складирање.
LCD екранот со дијагонала од 5,84 инчи ќе има Full HD+ резолуција и 19:9 однос на страници. Смартфонот најверојатно ќе има предна камера сместена во notch во облик на капка.
Главната камера ќе има сензор од 12MP, додека селфи камерата ќе има 8MP. Телефонот користи Android 8.1 софтвер со MIUI интерфејс.
Димензиите на уредот изнесуваат 147,7 x 71,9 x 7,8 милиметри, а тежината му е 150 грама. Уредотѕ ќе биде достаопен во 11 бои, што е нов рекорд за Xiaomi: црна, бела, сина, црвена, жолта, розева, зелена, виолетова, златна, сребрена и сива.