Додека новиот смртоносен вирус зема свои жртви низ светот, хакерите ја користат неговата појава за да навлечат луѓе да го симнат нивниот вирус.

Експертите за компјутерска безбедност предупредуваат дека некои линкови со провокативни натписи или видеа поврзани со најопсаниот вирус всушност содржат код за превземање на личните информации.

Хакерите ги шират нивните „новости“, прикачуваат видеа прекриени со атрактивни наслови во формат PDF и MP4, за да ја прекријат својата природа.

Ако кликнете на линкот или симнете одредена содржина на вашиот мобилен телефон или компјутер, хакерите можат да имаат достапност на вашите информации и би можеле да ги блокираат, копираат или да ги уништат вашите податоци.

Коронавирусот бил погоден за хакерите да го започнат својот „лов“, велат екпертите.