Facebook навести редизајн на својата Messenger апликација во текот на F8 конференцијата во мај, а потоа почна овој поедноставен интерфејс да го испорачува во октомври минатата година. Сега редизајнот станува достапен за поголем број на корисници, а новиот интерфејс го споменуваат и App Store и Google Play Store.

Новиот дизајн овозможуваа помалку табови, го олеснува четот со пријателите и овозможува контекстуални икони, кои го известуваат корисникот за тоа што се случува во разговорот. Facebook исто така го тестира и Dark Mode за својот нов дизајн, што значи дека корисниците ќе можат да ја затемнат белата позадина, доколку е тоа она што повеќе го преферираат.

Апдејтот им пристигнува на корисниците во овој момент, а Facebook истакнува дека оние корисници кои се уште не го добиле Messenger, наскоро ќе го добијат најновото ажурирање со редизајниран интерфејс.