Првиот безжичен маус и тастатура за Xbox One ќе бидат претставени на Саемот на потрошувачка електроника CES во јануари следната година, но компанијата Razer веќе покажа како ќе изгледаат овие производи.

По три и пол години чекање, Microsoft конечно го исполни ветувањето и овозможи поддршка за маус и тастатура на Xbox One конзолата, со голем број на игри кои се веќе поддржани. Како дел од оваа објава, Razer е подготвен да претстави сопствено комбо на безжично глувче и тастатура за Xbox корисниците. Уредите се уште не се достапни, но сега можеме да видиме како изгледаат.

Razer е официјален партнер за маусот и тастатурата наменети за Xbox One конзолата, иако било кое глувче и тастатура можат да се користат за конзолата.

Тастатурата на Razer е креирана со намена да биде користена во скут, што го сугерира и нејзиниот облик, големина и дебелина. Се очекува да биде прилично стабилна во условите на опкружувањето на дневната соба. Тука е и pop-out подлогата за маусот, што овозможува користење без специјални додатоци.

Комплетната објава и претставувањето на глувчето и тастатурата на Razer ќе биде извршено во текот на саемот CES 2019 во јануари следната година.