Oppo Find X3 Pro е официјален претставен, а овој премиум телефон пристигнува со Snapdragon 888 чипсет, две 50MP камери и екран со прилагодливо освежување. Сепак, главната карактеристика на уредот е секако дизајнот на задната страна, која е креирана од едно парче стакло, кое се простира непрекинато со закривените контури.

Find X3 Pro има 6.7-инчен LTPO AMOLED дисплеј со QHD+ резолуција, а поддржува освежување помеѓу 5Hz и 120Hz. Ова овозможува дополнителна флуидност на приказот на сликата кога е тоа потребно или штедење на батеријата кога не се користи освежувањето.

Системот на камери на задната страна го сочинуваат два Sony IMX766 сензори од 50MP (големина 1/1.56″), од кои еден е широкоаголен, а другиот ултра широкоаголен. Главната камера нуди OIS, EIS и All Pixel Omni-directional PDAF, а присутни се и 13MP f/2.4 (5x хибриден зум) и 3MP макро камера. Од предната страна се наоѓа 32MP сензор, сместен во punch-hole отвор.

Oppo Find X3 Pro има поддршка за безжично полнење, а ова е прв модел во линијата што ја нуди оваа опција. БAirVOOC Wireless Flash Charge нуди можност за полнење до 30W преку доделен сталак. Батеријата има капацитет од 4500mAh. Тука е и брзиот SuperVOOC 2.0 65W полнач, кој го полни телефонот од нула до 40 проценти за десет минути, а до врв за 30 минути.

Благодарение на Snapdragon 888 чипсетот, телефонот има поддршка за 5G, преку Snapdragon X60 модемот. Ќе поддржува до 13 опсези, од SA и NSA спектарот. Тука се уште и Bluetooth 5.2, Wi-Fi 6E и USB 3.1. Останатите карактеристики ги вклучуваат ColorOS 11.2 базиран на Android 11, како и Dolby Atmos стерео звучници.

Oppo Find X3 Pro има само една опција за меморија и простор за складирање: 12GB LPPDR5 RAM и 256GB UFS 3.1 простор. Телефонот ќе биде достапен во Gloss Black и Blue Matte варијанти на бои, а од 30. март ќе се испорачува по цена од 1149 евра.