HTC ги негираше гласините дека го напушта пазарот на смартфони и најави дека оваа и следната година ќе претстави нови уреди со акцентот на вештачката интелигенција, блокчеин и 5G технологијата.
Тајванската компанија HTC одлучи да ги демантира гласините дека го напушта пазарот на паметни телефони. Наместо повлекување од пазарот, HTC планира неколку нови модели на паметни телефони, од кои некои ќе пристигнат веќе до крајот на оваа година.
Пред се, се мисли на верзијата на HTC U12 Life со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија во комбинација со влез за microSD картички. Тука е и паметниот телефон Exodus 1, кој се заснова на блокчеин технологијата.
Во 2019. година, HTC ќе се посвети на интеграцијата на вештачката интелигенција, блокчеин и 5G технологијата. Исто така, ќе продолжи развојот на платформите за виртуелна и проширена реалност, во вид на специјализираните хедсет уреди, како и паметните телефони.