Samsung денеска официјално ќе ја претстави новата серија на уреди Galaxy S23, а во пресрет на настанот Unpacked беше претставена и новата верзија на мелодијата „Over The Horizon“.

Мелодијата беше специјално создадена за новите предводници на Samsung, а овогодинешното издание беше развиено во соработка со Јаеџи, американски музички уметник со корејско потекло, со цел да се слави „позитивноста и оптимизмот во светот во развој“.

Темата „Over The Horizon“ одново се менува со секоја нова серија на телефони Galaxy, всушност прилагодувајќи се на трендовите додека ја одржува својата основа.

Јаеџи се прослави во 2017 година со мелодијата „Raingurl“, а во април ќе го објави својот деби албум „With a Hammer“.