Новозеландскиот Северен и Јужен остров се приближуваат еден кон друг, а тоа е последица на серијата земјотреси од 2016. година, кои го подигнаа морското дно, соопштија геолозите.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер и неговите последователни потреси го подигнаа морското дно за два метра, кога ја погодија околината на Каикура на Јужниот остров. Островите продолжија да се приближуваат еден до друг по потресите.

Кејп Кемпбеч, североисточниот врв на Јужниот остров, сега за речиси 14 инчи  (35,56 cm) се ближи до Велингтон, голем град на јуниот брег на Северниот остров, отколку што тоа беше случај пред земјотресот.

Градот Каикура се помести за шест инчи  (15,24 cm) источно, додека приобалниот град Биенхајм е поместен северноисточно за истата дистанца.

Велингтон се помести за околу два инча (5,08 cm) северноисточно.

Истражувачкиот центар GNS Science ги следеше геолошките движења на неколку локации ширум Нов Зеланд од земјотресот во 2016. година. Востановено е дека драматично го промеи пејзажот во деловите на Јужниот остров и дека направил 25 пукнатини. Тоа беше еден од најкопмплексните земјотреси некогаш забележани во светот. Тогаш загинаа две лица.