Оваа недела @MaxWinebach од XDA-Developers тимот ни овозможи голем број интересни информации за претстојната Samsung Galaxy S20 серија телефони. Овој пат ни донесува hands-on видео за Galaxy S20+ 5G.

Видеото потврдува постоење на punch-hole Infinity-O дисплеј, а исто така е очигледно дека Galaxy S20+ 5G не нуди преголема закривеност на дисплејот по рабовите. Причина за ова е тоа што Samsung овој пат се одлучи да имплементира 2.5D стаклен панел. Веќе знаеме дека екранот ќе поддржува 120 Hz освежување на екранот, иако дојавувачот @UniverseIce истакна дека оваа опција нема да биде достапна, доколку резолуцијата е подесена на WQHD мод.

Како што може да се види во видеото, панелот на задната страна на Galaxy S20+ 5G моделот доживеа голем редизајн во однос на својот претходник. Тука е и големиот правоаголен камера модул, во кој се наоѓаат 12MP главен сензор, 64MP телефото, 12MP ултраширока камера и ToF сензор.

Кога е во прашање внатрешниот хардвер, Galaxy S20+ 5G ќе користи Snapdragon 865 чипсет, со 12GB RAM, а ќе го напојува 4500mAh батерија со поддршка за 25W брзо полнење.

Samsung Galaxy S20 серијата телефони ќе биде претставена на 11. февруари во текот на Unpacked настанот на компанијата.