Prynt овозможува да се направи фотографија со смартфонот на Apple и за само неколку моменти да ја добиете во физички облик, како на легендарниот Polaroid
Во продажба тргна „куќиште” за iPhone кое го претвора било кој модел на телефонот на Apple (со Lightning приклучок) во инстант фотоапарат. Prynt, како што се нарекува, ви овозможува да снимите фотографија со мобилниот и за само неколку моменти да ја добиете во физички облик, како на легендарниот Polaroid.
Куќиштето доаѓа до Lightning кабел и прекинувач за фотографирање, а има и тркалце за зумирање. Во Prynt се наоѓаат и 10 фотографски листови со џебна големина (кои се самолепливи), а дополнителните е потребно да се нарачаат посебно. Цената за единственото и забавно куќиште е 150 долари, додека за сите дополнителни 40 листови за испишување фотографии треба да се издвојат уште 20 долари.
За успешна работа со Prynt треба да се преземе и нивната официјална апликација, а освен за уредување и изработка на инстант фотографии, апликацијата овозможува и интеракција со нив. Имено, при снимање на секоја фотографија iPhone ќе создаде и соодветен анимиран gif, па тој ќе може да се погледне така што мобилниот ќе се насочи кон некоја од Prynt сликите. Повеќе детали може да погледнете во приложеното видео.