Аpple е најголемиот производител на паметни часовници во технолошката индустрија и ќе се обидe дополнително да го прошири пазарниот удел во овој сегмент во 2018. година. Компанијата веќе тестира неколку прототипи на новиот Apple Watch 4, чија официјална премиера ќе биде во втората половина на годината и ќе се натпреварува директно со најдобрите модели на Android Wear. Клучното подобрување во претстојниот паметен часовник е поврзано со дизајнот кој ќе се разликува од актуелниот модел, информира SlashGear.

Новиот Apple Watch ќе биде опремен со дисплеј кој е околу 15% поголем од неговиот претходник. Досега сите модели на компанијата во овој сегмент беа достапни во традиционалните 38 и 42 мм екрани. Ова ќе биде првата голема промена во визијата на уредот од премиерата на првата генерација во 2015 година. Многу е веројатно дека вистинската големина на уредот е идентична, но дека рамката околу самиот дисплеј ќе биде намалена.

Новиот уред ќе понуди повеќе функции за следење на срцевите отчукувања и други карактеристики на телото, како и подолго траење на батеријата. Apple постави амбициозна цел да продаде помеѓу 22 и 24 милиони паметни часовници на глобално ниво оваа година, што е приближно 30% повеќе од резултатите во 2017 година.

Веројатно е дека новиот Apple Watch 4 ќе биде претставен во септември заедно со новите модели на iPhone.