Американскиот оператор Verizon го пушти во продажба најмалиот смартфон на пазарот. Станува збор за моделот Palm Phone, кој беше најавен уште минатата година, за конечно сега да е достапен на пазарот како самостоен комерцијален производ.

Овој месецPalm Phone ќе се продава по намалена цена од 199 долари, а до почетокот на мај цената ќе се зголеми на 350 долари. Легендарниот бренд има 3,3-инчен екран и тврди дека е најкомпактниот смартфон досега.

Ажурираниот Palm Phone има и камера која поддржува HDR технологија. Palm Phone во првичната верзија можеше да работи само во тандем со Android или iOS уреди. Сега, сепак, компактниот елемент е целосно автономен, иако се зачува способноста да се спои со други паметни телефони.