Поморските археолози се убедени дека по вековно пребарување пронајдени со остатоците од бродот на познатиот морепловец и истражувач капетан Џејмс Кук.
Се верува дека капетанот Кук со овој брод бил на своето последно, историско патување, на кое во 1770 година ги открил Австралија и Нов Зеланд. Подоцна се приклучил кон британската страна во американската војна за независност, а на крајот бил потопен на брегот од САД, во близина на Њупорт, Род Ајленд, во 1778.
„Тимот го смали радиусот на можното место на остатоците на HMS Endeavour на една локација, што е многу ветувачки. Потребно е да се работи на уште многу детали, анализи и истражувања пред дефинитивно да кажеме дека ги пронајдовме остатоците од HMS Endeavour на Џејмс Кук“, изјави директорот на Австралискиот национален поморски музеј, Кевин Самптон.
Самптон за „Гардијан“, исто така, рече дека во моментов во американските води нуркачи истражуваат кои од петте остатоци му пришаѓаат на „Ендевор“, со собирање примероци од локацијата.
„Внимателно собираме многу специфични модели на дрво и ќе ги одведеме на форензичка анализа за да видиме што конкретно имаме. Повеќето бродови потонати во Њупорт во тоа време биле изградени од американско или индиско дрво, но ‘Ендевор’ бил брод изграден во северниот дел на Англија, главно од даб“, објасни тој.