Viber е една од најпопуларните апликации која секојдневно ја користат над стотина милиони луѓе. Но, покрај тоа и понатаму постојат можности кои се релативно непознати за онлајн заедницата.

Сигурно многумина не знаат за можноста пораките да бидат скриени. Доколку се сомневате дека некој повремено ви го зема телефонот без дозвола, можете едноставно да се заштитите.

Кога ќе ви стигне порака постои опција скриен чат, имате информација дека сте добиле порака, но нејзината содржина не се појавува на екранот сѐ додека не го побарате скриениот чат во вашата листа на контакти и не го внесте пинот.

Погледнете го видеото за повеќе детали: