Дали полнењето на батеријата во текот на ноќта го намалува нејзиниот животен век?

Има многу тврдења за тоа што е добро или штетно за животниот век на батеријата на мобилните телефони, а ние откриваме кои од нив се само митови.

1. Полнењето во текот на ноќта ја оштетува батеријата

 Иако овој мит не е во потполност вистинит, сепак се работи за погрешна претпоставка. Многумина веруваат дека доколку го оставите вашиот телефон да се полни во текот на ноќта, ќе се оштети батеријата и ќе се скрати нејзиниот век на траење. Сепак, паметните телефони се доволно паметни за да спречат преоптоварување на батеријата.

Меѓутоа, доколку батеријата на вашиот телефон се наполни до 100%, полнењето автоматски се исклучува. Еднаш кога батеријата ќе падне на 99%, батеријата повторно се полни за да стигне до 100%.

2. Доколку батеријата се испразни до крај ќе трае подолго

Ова е еден од најголемите митови. Доколку ја испразните батеријата до крај, правите штета.

Најидеален начин е да го наполните смартфонот кога батеријата ќе дојде до 20-30 проценти. За оние коишто имаат брзо полнење, идеално е да ги полнат телефоните кога имаат околу 20% батерија, а потоа да ги полнат до 90%.

3. Користењето на мобилниот додека батеријата се полни влијае на животниот век на батеријата

Користењето на телефонот додека е наполнет – не влијае на животниот век на батеријата.

Единственото влијание кое го има на батеријата е тоа што ќе се полни подолго време.

4. Честото вклучување и исклучување на батеријата од полнач може да го намали нејзиниот животен век

Уште една заблуда. Точно е дека животниот век на батеријата се одредува со одреден број целосни циклуси на полнење, но еден циклус може да се состои од неколку поединечни полнења.

5. Полнењето на студена површина ја штити батеријата

Иако е точно дека некои телефони се грејат додека се полнат, студените површини доведуваат до создавање на метален литиум во батериите, па затоа ова не е најидеалното решение за батеријата.