Компанијата LG го претстави новиот паметен телефон G7 Onе, кој работи на оперативниот систем Android One.
Станува збор за паметен телефон со Snapdragon 835 процесор, “суперсветол” 6,1-инчен екран со резолуција од 1440 пиксели и Boombox звучник, преземен од моделот G7 Thinq.
Меѓутоа, G7 One нема две задни камери, туку една задна камера од 16 мегапиксели и една предна од 8 мегапиксели. Уредот добил 4 GB RAM и 32 GB внатрешна меморија која може да се прошири со помош на microSD картичка. Паметниот телефон содржи батерија од 3000 mAh.
LG го најави и G7 Fit, сличен паметен телефон кој ќе биде нешто поевтин од овој. Моделот поседува Snapdragon 821 процесор, нешто послаба камера и оперативен систем Android 8.1 Oreo. Задачата на овој уред е “да ја пополни празнината помеѓу средните и флегшип моделите”.