Денеска се одбележува Светскиот ден на Интернет. На 29 октомври, 1969 година беше испратена првата електронска порака од Универзитетот во Калифорнија.

На денешен ден, 1969 година, во 22:30 часот во лабораторијата на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, првата е-порака беше испратена од еден компјутер на друг.

Професорот по компјутерски науки, Лионард Клајнрок го надзирал дипломираниот студент Чарли Клајн, кој ја испратил пораката преку компјутерската мрежа до програмерот Бил Дувал.

Иако пораката не е инспиративна или претерано мислечка, таа била многу значајна. Клајн ги испишал буквите „L“ и „O“. Дувал ја примил пораката пред да се сруши системот.

„Сакавме само да го испратиме едноставниот збор login (пријава ) до Институтот за истражување на Стенфорд“, рече Клајнрок.

Пораката, која се состоела од еден збор „login“, била испратена во целост по еден час.

Со овој чин беше зачнат ARPANET (Research Projects Agency Network) и се роди мрежата од која подоцна ќе настане интернетот.

И покрај фактот што првото испраќање на пораката пропаднало како резултат на пад на системот, во 2005 година беше утврдено дека денот во кој била испратена првата е-порака е означен како Меѓународен ден на Интернет.

Интернетот го „прославува роденденот“ на 30 април, затоа што на тој датум во 1993 година, CERN објави дека го направил World Wide Web (www) да биде бесплатна и достапна технологија.