Xiaomi Mi 11 Ultra е еден од најсвежите уреди на Xiaomi, а телефонот пристигнува со Android 11 и MIUI 12.5 софтвер. Интересно е да се види дека телефонот се појавил на Geekbench 5 листинг, со најновата верзија на Android платформата, што сè уште не е официјално објавена – Android 12.

Во прашање е глобална верзија на телефонот, со оглед на бројот на модели наведени на Geekbench – M2102K1G. Веројатно се работи за први информации во врска со Mi 11 Ultra со Android 12 и сугерира дека Xiaomi наскоро ќе објави повеќе детали за ажурирањето на претстојната верзија на Android.

Можно е во следните недели да биде објавена Android 12 отворената бета програма, која вообичаено има лимитиран број на корисници, кои ќе го тестираат софтверот.