Mozilla работи на новото лого на популарниот веб прелистувач, кое официјално ќе биде претставеон во следните неколку дена, потврди Тим Мареј, креативен директор на компанијата. Во иднината, креаторите на Firefox ќе се фокусираат на другите атрактивни производи и услуги што ги нудат, покрај веб прелистувачот, пренесува Digital.bg

Симболот се појавува на страната за развој на Fenix верзија на Mozilla Firefox за Android. Во исто време, шефот на Одделот за комуникациски дизајн, Шон Мартел, исто така, објави фотографија на кутија со налепници, каде беше потврдено како ќе изгледа новото лого на Firefox. Ажурираниот симбол ја прикажува традиционалната лисица која е инспирација за името на прелистувачот. Mozilla ги задржа главните дизајнирани линии и бои.

Новото лого е поедноставно и има појасен дизајн од претходните верзии, објави CNet. Официјалното претставување ќе се изврши во следните неколку дена, со тоа што новото лого наскоор ќе почне да се појавува на прелистувачот на Mozilla, официјалните страници и социјалните мрежи. Компанијата ќе продолжи со обидите да го зголеми својот удел на пазарот, на сметка на Google Chrome.