За време на последните две iPhone генерации, TSMC беше ексклузивен партнер на Apple во произведувањето на чиповите од А-серијата. Претходно пак, TSMC и Samsung заеднички ја делеа обврската, а според најновите информации, изгледа дека екслузивниот договор меѓу TSMC и Apple би можел да продолжи во текот на 2019 година.
Ова значи дека најверојатно TSMC ќе ги произведува и А13 чиповите за iPhone моделите од 2019 година. Аналитичарите сугерираат дека додека TSMC има да понуди нешто ново и водечко во индустријата, како и доколку добро се покаже во количината на испорачаните чипови, компанијата би можела да стане и единствениот добавувач на процесори за Apple.