Во текот на CES саемот, компанијата Lenovo претстави нови Yoga Slim 7 лаптопи, кои ќе бидат понудени и во Intel и во AMD конфигурации.

Интересно е дека лаптопите ќе бидат опремени со AMD Ryzen 4000 процесори, кои пристигнуваат во текот на првиот квартал оваа година. Кога се во прашање Intel моделите, тие пристигнуваат со Core i7 процесори од десеттата генерација на Intel.

Со исклучок на различните брендови, кои ќе се најдат во нив, ќе постојат и разлики во цените на новите Lenovo Yoga Slim 7 лаптопи. AMD моделите ќе имаат почетна цена од 850 долари, додека Intel варијантите пристигнуваат со стартна цена од 1210 долари. Остатокот од карактеристиките се слични, а вклучуваат Full HD дисплеј, до 16 GB RAM, до 1 TB простор за складирање, USB 3.1 и USB-C портови, читач на SD карички и приклучок за слушалки.

AMD и Intel верзиите на Lenovo Yoga Slim 7 лаптопите ќе се најдат на пазарот од месец април.