Apple го закажа својот настан за 12 септември, каде компанијата се очекува да претстави нови модели на iPhone, како и новиот Apple Watch. Веќе некое време се шпекулира дека iPhone-ите кои ќе бидат претставени ќе бидат директни наследници на минатогодишниот iPhone X модел, но исто така се зборува и за нова поголема верзија. Сега имаме и некој вид на потврда за оваа информација, а новата протечена фотографија покажува два OLED edge-to-edge iPhones во различна големини.

Сликата покажува еден уред над друг од еден агол, а телефоните имаат ист дизајн на екранот како iPhone X. Не е познато како веб-страницата 9to5Mac дошла до оваа фотографија, но таа истакнува дека оваа слика не е рендер на овој производ.

Сајтот, исто така, истакнува дека името на новите телефони ќе биде iPhone XS, ќе има OLED екрани од 5,8 инчи и 6,5 инчи, за кои веќе се зборува со месеци. Исто така, новина која се забележува на фотографиите е дека телефоните пристигнуваат во златната боја, којашто Apple претходно ја користеше за своите модели, но не ја вклучи во минатогодишните телефони.

9to5Mac не дава нови информации за претстојните модели на iPhone, во кои исто така ќе се вклучи и модел со 6.1-инчен LCD дисплеј. Затоа, ќе треба да се почека до 12 септември за да се откријат деталите директно од Apple.