Google Pixel 3 XL e телефонот кој сите го очекуваат и за кој досега протекоа огромен број на информации вклучувајки фотографии од телефонот, неговите спецификации, како и фотографии направени со камерата на телефонот.
Сликите ги прикажуваат предниот и задниот дел на уредот, каде може да се види голем засек на горниот дел од екранот во кој има инфрацрвен сензор за скенирање на лице, слушалка која служи и како стерео звучник и секако камерата за селфи. Задната страна на уредот содржи сензор за отпечаток на прстите и една камера со LED блиц.
Има и неколку фотографии од About екранот, како и AIDA64 скриншот. About екранот потврдува дека Pixel 3 XL ќе има Active Edge функција (стискањето на телефонот ќе го активира Google Assistant), додека AIDA64 открива 3430mAh батерија и 6.71-инчен 2960 x 1440p дисплеј (големината на дисплејот е веројатно неточна бидејќи со AIDA64 не може правилно да се открие големината).
Тука е и фотографијата од пакувањето, која открива дека слушалките доаѓаат со телефонот, а тука се и USB-C во USB-C кабел, USB-A во USB-C адаптер, USB-C во 3.5mm адаптер и обичен полнач.
Исто така, протекоа и голем број на фотографии креирани со камерата на телефонот, и истите може да ги погледнете ОВДЕ. Google Pixel 3 XL ќе биде претставен во октомври.