Се појави кратко „видео од рака“, а наводно го прикажува подостапниот iPhone модел, кој е предмет на вести и гласини веќе некое време. Видеото прикажува уред со старомоден дизајн, што вклучува рамки околу екранот и физичко Home копче.

Засега не е можно да се одредени автентичноста на видеото, а дизајнот се поклопува со она што дојавувачот OnLeaks го прикажа во протечените рендери, барем кога е во прашање предната страна на смартфонот. Големата горна и долна рамка, како и единечната камера на задниот дел се поклопуваат со рендерите.

Телефонот би требало да го покренува A13 чипсет на Apple, се очекува 4,7-инчен дисплеј, а видеото го прикажува телефонот во минт зелена боја. Се очекува дека iPhone 9 ќе биде објавен на медиумски настан кон крајот на март.